Една од најпопуларните социјални мрежи „Инстаграм“ вечерва има проблеми со функцијата. Од компанијата потврдија дека некои корисници имаат проблеми до пристап на апликациите. Дел од корисниците не можеа да пристапат до одредени услуги што ги нудат социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“.
– Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот кон нашите апликации и производи. Работиме на тоа работите што побрзо да се вратат во нормала, наведуваат од „Фејсбук“.
Според сајтот „Downdetector“, за помалку од половина час пристигнале над 17.000 пријави за неправилности во работењето.
Ова следи на само неколку дена откако околу шест часа платформите на „Фејсбук“ не беа целосно во функција.