Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов предизвик по вчерашниот дебакл на Брегзит: Ќе преживее ли Владата на Меј

0
By Нова ТВ on January 16, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 16, 2019 09:43

Владата на британската премиерка Тереза Меј денеска се соочува со гласање доверба во Парламентот по синоќешниот пораз на нејзиниот предлог за Брегзит.

Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за истапувањето на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на Меј и Брисел, што претставува најголем пораз за една британска Влада во изминатите 20 години.

По одбивањето на договорот, лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин ги повика пратениците да ја урнат Владата на Меј.

Но сепак, во политичките кругови се коментира дека Владата на Меј ќе преживее поради откако Унионистите од Северна Ирска и одметничкото крило од конзервативците се изјаснија дека ќе ја поддржат.

Британската премиерка Тереза Меј по синоќешното гласање на кое пратениците го одбија Договорот за Брегзит, изјави дека го слушнала мислењето на Парламентот, но дека е битно да се слуша и волјата на британскиот народ.

– Секој следен ден без решение за овој проблем значи и поголема несигурност, повеќе огорченост и поголема омраза, истакна Меј.

Таа нагласи дека пред да го преземе следниот чекор, прво ќе почека да види дали нејзината Влада ужива доверба во Парламентот, на денешното гласање на пратениците за недоверба на владиниот Кабинет.

– Јасно е дека Парламентот не го поддржува овој договор. Но, гласањето не ни кажува што поддржува. Тоа не ни кажува како или дали воопшто (Парламентот) има намера да ја почитува одлуката што бритинскиот народ ја донесе на референдумот (за Брегзит), додаде Меј.

Британските медиуми оценуваат дека сега Владата на Меј има време до понеделник да пронајде „план Б“ за Брегзитот, предвиден за 29 март.

Доколку не биде пронајдено друго решение, можно е Велика Британија да ја напушти Унијата без договор за идните односи меѓу двете страни, што предизвикува неизвесност и стравувања од можен хаос.

Туск и Јункер ја повикаа Велика Британија да се изјасни за намерите

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер побараа од Велика Британија да се изјасни за намерите.

– Ако е невозможен договор и никој не сака излегување без договор, кој конечно ќе има храброст да каже кое е единствено позитивно решение, напиша Туск на Твитер.

Јункер истакна дека „со жалење“ ја примил веста за исходот од гласањето во Велика Британија и побара Лондон што побрзо да ги соопшти своите намери бидејќи „истече времето“.

– Ризикот од хаотично излегување на Велика Британија се зголеми со гласањето. Иако не сакаме тоа да се случи, ЕК ќе продолжи да работи на својот план со цел Европска унија да биде подготвена во целост, истакна Јункер.

Шкотска бара нов референдум

Шкотската прва министерка Никола Старџен синоќа побара проширување на членот 50 од Договорот за ЕУ, со што би се одредил рок од две години за излез на Велика Британија од Унијата, како и одржување нов референдум за Брегзит.

– Повеќе не можеме да губиме време. Време е да го запреме одбројувањето на часовиникот и да го спречиме секој ризик за истапување на Велика Британија (од ЕУ) без договор на 29 март, изјави Старџен, откако синоќа британскиот Праламент не го усвои Договорот за Брегзит постигнат меѓу Владата во Лондон и Брисел.

Како што јави Би-Би-Си, Страџен оцени дека Парламентот во Лондон имал две и пол години по референдумот за Брегзит, но сепак не успеал да постигне „употреблив“ договор за истапување на Велика Британија од ЕУ.

– Време е за тоа граѓаните да решат на нов референдум, истакна Старџен, нагласувајќи дека британската премиерка Тереза Меј не смее да се однесува „како ништо да не се случило“.

Сценаријата кои се споменуваат по вчерашниот неуспех на Договорот за Брегзит, се: Излез на Британија од ЕУ без договор, нови преговори за условите, нов референдум, парламентарни избори или Британија еднострано да го отповика Брегзит.

Реакции за Брегзит: За Брисел е прерано за последиците, за Меркел има време за преговори

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.