Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов протест на “жолтите елеци”, Париз во страв од ново урбано насилство

0
By Светлана Јовановска on December 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француската полиција денес стави во “превентивен” притвор 34 лица кои утринава стасале во Париз за да учествуваат на протестите на “жолтите елеци”, јавија утринава француските медиуми.

Полицијата кај нив нашла материјал што може да послужи за насилни протести а притворените се главно млади под обвинение дека направиле “група за насилни протести”.

Уште 278 лица биле пресретнати исто така во Париз утринава пред почетокот на протестот кој носи огромен ризик за нови насилства и урбани немири како што тоа се случи минатата сабота.

Денес во Париз се поставени се кордони, откажани се спортските и културни натпревари, а според најавата, на улиците ќе има и оклопни возила.

Францускиот премиер Едуар Филип вчера изјави дека 89.000 припадници на безбедносните сили ќе бидат распоредени ширум земјата. Според него, од 89.000 припадници на безбедносните сили, 8.000 ќе бидат распоредени во Париз, како и оклопни возила.

– Се соочуваме со луѓе кои не се тука за да протестираат, туку за да кршат и сакаме да се снабдиме со средства кои ќе ги спречат да дивеат, рече Филип.

Подготовка како да ќе има војна

Во Париз вчера сите се подготвуваа за четвртиот викенд на протести на „жолтите елеци“. Банките, продавниците и рестораните се подготвени да ги заштитат сопствените деловни објекти пред денешните протести. Банка на Франција постави даски на прозорците, а Операта ги заклучи инструментите поради страв од провала.

Париските власти советуваат контејнерите за отпад да се отстранат, за да не бидат запалени.

Денеска е затворена за посетители и Ајфеловата кула, седум музеи менаџирани од градот Париз помеѓу кои и легендарниот Лувр. Познатите француски дуќани како Галери Лафајет и Прентем исто така ги затворија своите порти за денес. Според проценките, затворањето на дуќаните за еден ден ќе донесе загуба од 8 милиони евра. Затворени се и 36 метро станици а полицијата затвори повеќе клучни булевари и авении за движење.

Странските амбасади во Париз, помеѓу кои и македонската, ги предупреди своите државјани на можни насилства за време на протестите и ги советува да ги избегнуваат демонстрациите и местата во центарот на Париз како Трокадеро. Амбасадите предупредуваат дека протестите можат повторно да станат насилни, а полицијата може повторно да одговори со водени топови и солзавец. Во минатонеделните протести беа повредени повеќе од 130 лица, а над 400 се уапсени во најлошите улични немири во Франција во последните децении.

Власта попушти но можеби предоцна

Движењето „жолти елеци“  започна како протест против предлогот за зголемување на даноците за дизел и бензин, а движењето беше именувано по жолтите елеци што демонстрантите ги носат, а кои возачите мора да ги имаат во своите автомобили.

Под притисок на улицата, француските власти одлучија да ја укинат одлуката за зголемувањето на данкот на горивото, кое беше планирано за следната година. Но, денешните најави за протести најавуваат дека тоа нема да биде доволно да ја смири тензијата во јавноста. Според анкетите, две третини Французи ги поддржуваат протестите на “жолтите елеци”.

Премиерот Едуар Филип на пратениците во Парламентот им рече дека од зголемувањето на данокот сега се откажува во буџетот за 2019 година и порача дека владата е подготвена за дијалог.

Сепак, протестите наскоро ја надминаа својата првична цел и станаа насочени против Владата. Демонстрантите го насочија својот гнев кон претседателот Емануел Макрон, обвинет дека изгубил допир со реалноста. Демонстрантите за Владата велат дека е елита, која нема поим како живее остатокот од земјата.

“Жолтите елеци” ја заразија и Белгија

Движењето на “жолтите елеци” ја зарази и Белгија. Веќе две недели се одржуваат редовни протести на белгиските “жолти елеци” со блокади на патиштата. Минатонеделниот протест донесе исто така урбано насилство а беше опожарена една полициска кола. Протест е закажан и за денес во Брисел, но полицијата е мобилизирана и не очекува големи нереди како тие во Париз.

„Жолти елеци“ насилство Париз протести урбани немири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.