Повеќе илјади граѓани синоќа протестираа против актуелната власт на претседателот Александар Вучиќ.
Од собирот кој помина без инциденти, граѓаните најавија дека ќе истраат во борбата за победа и ќе го победат Вучиќ како што го победиле и поранешниот претседател Слободан Милошевиќ.
На протестот кој започна од пред платото на Филозофскиот факултет во центарот на Белград, се обрати академикот Душан Теодоровиќ кој речедека не може да има фер избори, кога Вучиќ е по пет часа дневно на телевизија.

Од платото на Филозофскиот факултет, демонстрантите се упатија кон зградата каде што се наоѓа седиштето на српскиот претседател и српскиот парламент, но и пред телевизииите Студио Б и Радио Телевизија на Србија, кои не известуваа коректно за протестите. На чело на колоната беше транспарентот “Стоп на крвавите кошули”, а се носеа и транспаренти “Еден од петте милиони”, “Почнавме”, “Доста мајмунисање повеќе вака не се може”…
Меѓу граѓаните беа и претставници на опозициските партии Вук Јеремиќ, Драган Ѓилас, Борко Стефановиќ, Јанко Веселиновиќ, Милош Јовановиќ, Бошко Обрадовиќ.
Активисткат Јелена Анасоновиќ му упати на српскиот претседател Александар Вучиќ да ги открие нарачателите кои се обидоа да го убијат Борко Стефановиќ во Крушевац, сторителите и нарачателите на нападите врз сите новинари, активистите на граѓанското општество, политичките активисти и граѓаните кои се осмелија да размислат поинаку од него .
Таа побара да се откријат сторителите на убиството на лидерот на иницијативата СДП од Косово, Оливер Ивановиќ, и го најави следниот собир на годишнината од неговото убиство, на 16 јануари.
Протестот се одржа под слоганот “Ајде да се преброиме” поради наводите од одредени медиуми и актуелната власт во Србија, дека мал број граѓани протестирале на 8 декември, наспроти тврдењата на организаторите дека на демонстрациите имало повеќе од 10.000 незадоволни граѓани.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по протестите минатата недела изјави дека нема да исполни ниедно од барањата на опозицијата и пет милиони луѓе да излезат на улиците, поради што една од главните пароли на денешниот протест гласеше “Еден од пет милиони”.




