Австриските власти денеска започнаа со примена на новиот систем на управување со граничниот премин со Словенија Шпилфелд при што веќе не се пропуштаат бегалци кои немаат намера да побараа азил за Австрија и Германија.
На бегалците им се земаат отисоци од прсти, се регистрираат и преку преведувачи се утврдуваат податоците за потекло.
На преминот се распоредени и 200 припадници на австриската војска кои и помагаат на полицијата. На овој премин можат да бидат регистрирани околу 6.000 бегалци дневно.
Новиот систем на управување со граниниот премин е дел од мерките кои ги усвои австриската Влада со цел намалување на бројот на бегалците.
Од 1 јануари во Австрија влегле околу 42.000 луѓе, најголем број преку Словенија со автобус или воз преку тунелот Караванкен, а сега тој бран е пренесочен на Шпилфелд.
Австриската Влада одлучи бројот на прифатени бегалци да го ограничи на 37.500 молби или на 127.000 во следните 4 години.




