Грчкиот парламент синоќа изгласа Владата да додели помош за пензионерите со ниски пензии – една од две иницијативи за поддршка, објавени од страна на премиерот Алексис Ципрас и предизвика нови тензии меѓу Атина и нејзините кредитори, пренесе Франс прес.
Од вкупно 257 пратеници, за оваа мерка гласаа 196 пратеници од различни партии. Мерката предвидува доделување на додаток за декември на пензионери кои примаат под 850 евра месечно. Помошта изнесува вкупно 617 милиони евра.
Друг вид помош пак предвидува да се одложи зголемувањето на ДДВ на островите во Егејското Море, каде што има голем број бегалци.
Ципрас ги најави иницијативите пред една недела. Поради овие мерки претседателот на Еврогрупата, по иницијатива на Германија, најави прекин на краткорочните мерки за олеснување на грчкиот долг во замена за реформи.




