Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов закон: Приоритет-извлекување на ранливите категории од сиромаштија

0
By Нова ТВ on November 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зголемување на износот на социјалната парична помош односно воспоставување на гарантиран минимален доход, јакнење на капацитетите на центрите за социјална работа, развој на социјални услуги на локално ниво, зголемување на опфатот на корисници на детски и образовен додаток со цел извлекување на ранливите категории од сиромаштија, се приоритетите на новите законски решенија во областа на социјалната и детската заштита.

Фокусот ќе биде овие лица да се активираат на пазарот на труд и на таков начин да излезат од сиромаштија. Мерките од овие закони се очекува да ја намалат стапката на сиромаштија од 21 на 18 проценти, а јазот или интензитетот на сиромаштијата за околу 40 проценти.

Ова се ставовите на дел од учесниците на денешната дебата во врска со Предлог законот за социјална заштита.

– Главно е дека социјалната помош драстично се покачува, а од друга страна се јакнат капацитетите на центрите за социјална работа за да може да управуваат со случаи, а се создаваат и можности за развој на социјалните услуги заедно со локалните самоуправи и социјалните партнери. Се зголемува опфатот на лица кои добиваат детски или образовен додаток и сите кои се во социјален ризик или доаѓаат од семејства со ниски приходи ќе можат да ги остварат овие два додатоци, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа посочи дека во моментов корисници на социјална парична помош се околу 24 до 25 илјади лица и оти тие ќе добијат загарантиран минимален доход, но очекува ова право да го остварат дополнителен број граѓани.

– Проекциите добиени преку анализи покажуваат дека би требало да се дојде до 34 илјади корисници затоа што денес еден дел од граѓаните немаат право да остварат социјална парична помош заради бариерите на системот, истакна Царовска.

Таа додаде дека целта на овие реформи се однесува на активирање на лицата, а не само да бидат примени во системот и да бидат заборавени. – Сакаме за одреден период дел од овие лица да извлечеме на пазарот на труд. Ние не очекуваме 100 проценти да бидат извлечени, но оние кои имаат преостаната работоспособност да се приклучат кон овие програми и мерки и да се чувствуваат попродуктивно, рече Царовска.

Првите мерења на резултатите можат да се направат во 2021 година бидејќи е потребно време мерките и активностите да се имплементираат па потоа да се видат очекуваните ефекти.

Професорката од Институтот за социјална работа и социјална политика Маја Геровска Митев вели дека предложените решенија се базирани на искуства и на евиденција и оти ефектот на промена од пристап на исплаќање социјална парична помош кон гарантиран минимален приход е мерен од аспект на тоа какво влијание ќе има врз намалувањето на сиромаштијата.

Таа рече дека стапката на сиромаштија од 21 отсто колку изнесувала во 2016 година се очекува да се намали на околу 18 проценти.

– Можеби во процентни поени не е така големо, но јазот на сиромаштијата или длабочината, интензитетот на сиромаштијата покажува дека ќе се намали за околу 40 отсто, истакна Геровска Митев.

Таа вели дека одредени права кои досега се остварувале ќе се преименуваат и ќе се интегрираат во рамки на други права и оти на таков начин корисниците нема да бидат оштетени.

Корисниците кои сега го користат овој додаток за трето дете на пример, а се во социјален ризик, според неа, во иднина ќе добиваат средства во иста висина на ова право, бидејќи ќе имаат пристап до некои други права како што се гарантираниот минимален приход, детскиот и образовниот додаток. Збирот на овие права, посочи, ќе биде еднаков на правото кои го добиваат како додатокот за трето дете.

За излегување на семејствата од сиромаштија, особено и за намалување на детската сиромаштија, директорот на Првата детска амбасада „Меѓаши“ Драги Змијанац смета дека покрај додатоците треба и да се овозможи вработување на барем еден член од семејството, но и да се следи како тие средства од обезбеденото вработување или од државата се користат и дали децата од тие семејства се вклучуваат во претшколското и основното образование.

– Центрите за социјални работи треба сите ранливи семејства да ги става под надзор и да се види како тие родители го остваруваат родителското право и дали средствата што ги добиваат од државата и од вработување на барем еден член од семесјтвото ќе обезбедат вклучување на децата во претшколските установи или основното образование, рече Змијанац.

Социјалната реформа треба да почне да се применува од почетокот на наредната година.

дебата нов закон за социјална заштита и детски додаток Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.