Турските власти издадоа налози за приведување на 42 новинари, објави Ци Ен Ен Турк, што е најнова мерка во големата акција поврзана со неуспешниот воен удар.
Според полицијата новинарите се приведуваат во врска со истрагата за муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој се наоѓа во САД и кого Анкара го обвинува дека стои зад воениот удар на 15 и 16 јули, во кој загинаа 246 луѓе.
Новинарите работат во веснкот Заман кој се поврзува со Ѓулен, кој беше преземен од турските власти во март годинава, како дел од акцијата за справување со неговите поддржувачи.
Ѓулен кој е некогашен пријател на претседателот Реџеп Таип Ердоган, и кој подоцна му се спротивстави го осуди воениот удар и демантираше каква било поврзаност со него.
Од неуспешниот бунт, турските власти досега суспендираа, приведоа или ставија под истрага над 60.000 војници, полицајци, судии, наставници, административци и други граѓани.




