Нова дојава за бомба во авион на „Ер Србија“ на лет за Москва, пренесуваат српските медиуми. Неговото враќање на аеродромот „Никола Тесла“ јасно се гледа и преку интернет страницата Flight radar.

Информацијата им била соопштена на пилотите додека авионот се наоѓал на границата меѓу Унгарија и Словачка.

Реакцијата, како што објавија медиумите кај северниот сосед, следуваше по примена електронска пошта со фотографија од наводна експлозивна направа поставена во леталото.

Авионот на „Ер Србија“ полета од Белград кон Москва со 125 патници и пет членови на екипажот.

Идентичен случај за авион на „Ер Србија“ за Москва имаше и пред неколку дена. По деталниот предглед тогаш, бомба не беше пронајдена.