Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА ДОЗНАВА: Урсула фон дер Лајен следната недела во Скопје со енергетски пакет за поддршка на Македонија

0
By Ана Василевска on October 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Претседателката на Европската комисија пристигнува во Скопје на 26 октомври
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 18, 2022 20:42

Во Скопје на 26 октомври доаѓа претседателката на Европската комисија , Урсула фон дер Лајен, дознава НОВА од дипломатски извори. Како што дознаваме, целта на оваа посета на првиот човек на ЕК  е да ги поттикне европските интеграциски процеси на државата во оваа скрининг фаза како и да ги охрабри политичките лидери да го реафирмираат државниот консензус за европските интеграции исправен пред предизвикот за промената на Уставот со која, како што предвидува преговарачката рамка, треба да ги вклучи етничките Бугари.

Претседателката на ЕК во Скопје, како што информираат дипломатски извори, со себе носи и вести за поддршка за надминување на проблемите кои ги наметнува енергетската криза. На средбите кои Фон дер Лајен ќе ги има со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ќе стане збор и за актуелното вклучување на Македонија во Фронтекс, а не се исклучува ни можноста овој договор кој на Македонија треба да и помогне да се справи со потенцијалниот прилив на мигранти да биде потпишан за време на нејзината еднодневна официјална посета на Скопје.

Претседателката на ЕК последен пат во Скопје беше во средината на јули во обид да ги стивне страстите разгорени со таканаречениот француски предлог. Во таа прилика таа се обрати и пред пратениците во Собранието, „Почитувани Македонци, внимателно слушам. Ја слушав загриженоста во однос на македонскиот јазик и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик, ние целосно го почитуваме тоа. Затоа по ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификации од ЕУ. Предлогот го почитува и вашиот национален идентитет. Принципот на самоидентификација е важен за секој од нас. Можете да сметате на мене дека процесот на пристапување строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди“, рече Фон дер Лајен во македонското собрание.

Европска комисија Еенергетска криза средба со Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.