Едно лице е повредено во експлозија во градот Ростов на Дон, во јужна Русија, соопштија руските власти. Експлозијата одекнала во близина на училиште, а повреден е работник кој работел на одржување.
Како што јавуваат руските медиуми, експлозивната направа експлодирала, кога човек ја подигнал од земја. Работникот се здобил со повреди во стомакот, а прстите му биле разнесени. Моментално, тој се наоѓа во болница.
Училиштето во чија близина експлодирала бомбата, ја откажа наставата, а областа е евакуирана.