ФБИ го информира Американскиот Конгрес дека ја разгледува можноста за повторна истрага откако се објавени нови мејлови од приватниот сервер на Хилари Клинтон кои би можеле да содржат доверливи информации.
Писмото го испратил директорот на ФБИ Џејмс Коми до лидерите во Конгресот, при што се наведува дека сите мејлови неодамна објавени ги поттикнале истражителите уште еднаш да започнат истрага, која во јули беше затворена.
Ај Би Си њуз објави дека мејловите се откриени во федерална истрага поради СМС порака од сексуален карактер што бившиот конгресмен Ентони Вајнер и ја испратил на 15 годишна девојка.
Се работи за малолетно девојче од Северна Каролина, објави Еј Би Си, одека Си Би Ес известува дека мејловите на Клинтон се пронајдени на лаптопот кој заедно го користеле Вајнер и неговата сопруга Хума Абедин, долгогодишна соработничка на Клинтон, со која Вајнер се развел.
Клинтон изјави дека нејзиниот предизборен тим слушнал за гласините за Абедин, Вајнер и мејловите, но дека во тимот не знаат на што да веруваат.
Во врска со писмото на директорот на ФБИ до Конгресот за нова истрага за користење на приватнот сервер за испраќање доверливи мејлови од 2009 до 2013 кога била државна секретарка Клинтон изјави дека е уверена оти резултатите на обновената истрага нема да го променат заклучокот донесен во јули.
Кандидатот за претседат на САД од републиканците Доналд Трамп, случајот го нарече „најголем политички скандал по Вотергејт“.
На предизборните собири тој жестоко ја нападна Клинтон нарекувајќи ја корумпирана лидерка на која не може да и се верува и ретерираше во тврдењата дека американскиот изброен систем е наштелуван за тој да биде поразен.
Трамп изминатите три месеци повеќепати го нападна директорот на ФБИ Коми поради тоа што не покренал процес против Клинтон поради начинот на кој се однесувала со доверливите информации додека била на чело на Стејт Департментот.
Сега одеднаш ја сврте приказната и новата најава на ФБИ ја спореди со познатиот скандал од 70-години на минатиот век во САД кога на оставка беше присилен претседателот Ричард Никсон.






