Жителите на француската пацифичка територија Нова Каледонија ја отфрлија идејата за независност од Франција.
Конечните резултати покажаа дека 56,4% од гласачите гласале да останат дел од Франција, додека 43,6% гласале за независност. Иако конечното „не“ беше очекувано, сепак никој не очекуваше (ниту пак покажаа анектите) ваков тесен резултат.
Одѕивот бил околу 81%. Во некои избирачки места во Нумеа, главниот град на Нова Каледонија, морале да останат отворени еден час подолго од планираното, поради долгите редици на луѓе кои чекале да гласаат.
На референдумот беа повикани 174.000 гласачи за да одговорат на прашањето: „Дали сакате Нова Каледонија да стекне целосен суверенитет и да стане независна?”
Нова Каледонија е, од средината на 19-тиот век, е територијата на Франција. Во неа живеат околу 270.000 луѓе.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека мнозинството граѓани во Нова Каледонија кои излегле на референдумот за независност одлучиле да останат дел од Франција и додаде дека единствен пат е дијалог за иднината на тој јужнопацифички архипелаг, кој е во состав на Франција од 1853 година.
Макрон во телевизиско обраќање рече дека францускиот премиер Едуар Филип ќе се сретне со официјални претставници во Нова Каледонија за да разговараат за плановите за иднината.
“Морам да ви кажам колку сум горд што конечно го поминавме овој историски чекор заедно”, додаде тој.




