Нова техника за визуелизација на тумор на мозокот, била за прв пат изведена на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Веста ја објави неврохирургот Венко Филипче:
„Денеска на Клиниката за неврохирургија со мојот колега, д-р Владимир Рендевски, идниот заменик министер за здравство, на операција за прв пат изведовме нова техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите. Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување“, пиша Филипче на официјалниот профил на Фејсбук.