Published: Tuesday, November 15, 2016 15:16
Италијанската крајбрежна стража денеска спасила 15 мигранти од гумен чамец што почнал да тоне во морето на пат од Либија кон Европа, а се стравува дека е можно бројот на жртви да биде голем, јави АФП.
Од крајбрежната стража потврдуваат дека трговски брод вчера тргнал да му помогне на чамецот што тонел и дека 15 луѓе се спасени и префрлени на Сицилија.
Агенцијата јавува дека е невообичаено чамец од Либија да тргне со само 15 патници, имајќи предвид дека такви чамци се секогаш претрупани и во нив некогаш има и до 150 луѓе. Затоа се стравува дека бројот на жртви може да биде голем.




