САД ќе се повлечат и до глобалниот договор за намалување на ефектот на стаклена градина, најави првиот ловек на преодниот тим за заштита на животната средина Мајрон Ебел, пренесува Ројтерс.
Ебел рече дека е тешко да се предвиди кога точно претседателот Доналд Трамп ќе ги повлече САД од меѓународната спогодба, бидејќи секретаријатите се уште се во фаза на примопредавање.
Трамп во кампањата вети дека ќе ја зголеми експлоатацијата на нафта, гас и јаглен во САД и дека ќе ги повлече САД од Париската спогодба за борба против климатските промени.
Ова е нова во серијата контроверзни одлуки што новиот американски претседател ги донесе од стапувањето на функцијата пред 10 дена.
Една од нив е повлекување на САД од Транспацифичкиот трговски договор, потоа одлуката за изградба на ѕид кон Мексико и забраната за влез во САД на државjани на седум земји со претежно муслиманско население.




