Во државата Јужна Каролина Хилари Клинтон ги освои третите прелиминарни избори на Демократската партија за функцијата претседател.
Нејзиниот конкурент сенаторот Берни Сандерс го призна поразот на овие прелиминарни избори. Таа доби 73,5 отсто гласови додека Сандерс освои 26 отсто.
Следното прелиминарно гласање се одржува за време на ткрн «супер вторник» на 1 март.
– Утре кампањата станува национална. Ќе се бориме за секој глас во секоја држава, рече Клинтон.
Таа му одговори на на Доналд Трамп велејќи дека «немаме потреба да и ја вратиме големината на Америка бидејќи Америка никогаш не ја загубила својата големина».
Кај Републиканците имаше напади особено помеѓу Донал Трамп и сенаторот од Флорида Марко Рубио. Кандидатите си разменуваа лични навреди врз теми како нивната шминка, исончаниот ден на Трамп или големите уши на Рубио.
Кај Републиканците во игра се се уште петмина кандидати но Трамп е фаворит и предвидувањата велат дека тој ќе победи на 1 март за време на супер вторникот.




