Христијанско демократската партија на Ангела Меркел е победник на покраинските избори во Северна Рајна Вестфалија, јавваат германските медиуми.
Партијата на германската канцеларка (ЦДУ) постигна голем пресврт на вчерашните избори, завршувајќи пред владејачката Социјалдекомратска партија (СДП) на Мартин Шулц, покажуваат резултатите на анкетата која телевизијата АРД ја спроведе на изборните места.
Ве Северна Рајна Вестфалија ЦДУ освои 34,5 отсто гласови што е многу повеќе отколку во 2012 година кога имаше поддршка од 26,3 отсто од гласачите.

СДП освои 30,5 отсто и е многу помлаку во однос на освоените 39,1 отсто во 2012 година.
Кандидатот за канцелар на СДСП Мартин Шулц изјави по поразот на неговата партија на регионалните избори во Северна Рајна Вестфалија дека социјалдемократите мора Германија да ја направат праведна земја и да ја бранат Европа од популизам.




