Нова полемика во САД, овој пат поврзана со конфликт на интерес.
Килијан Конвеј, советничката на новиот американски претседател Доналд Трамп, во сред политичко интервју на Фокс Њуз почна да ја рекламира марката облека која и припаѓа на ќерката на Иванка Трамп, ќерка на претседателот.
Конвеј рече дека Иванка е успешна во бизнисот:
„Купувајте ги парчињата на Иванка, тоа е прекрасна линија, и јас имам неколку парчиња. Купувајте ги уште денес“, рече Конвеј додавајќи дека производите можат да се купат и на интернет.
Ова се случува еден ден откако ланецот на продавници Нордстром одлучи да не ги продава производите на Иванка.
Според законите во САД, функционерите на владата не смеат да ја користат својата позиција за да ги рекламираат производите на своите блиски.
Здруженијата Граѓани за одговорност и етика во Вашингтон и Јавен граѓанин (Citizens for Responsibility and Ethics in Washingtonu и Public Citizen) поднесоа тужби до владината канцеларија за етика и правниот оддел во Белата куќа.
„Тоа е кршење на правилата. Станува збор за сериозен проблем“, изјави Норман Ајсен, екс етички советник на Барак Обама.
Одлуката на Нордстром во вторникот го налути Доналд Трамп кој, како по обичај, својот гнев го истури на Твитер.
“Мојата ќерка Иванка беше нефер третирана од Нордстром”, напиша тој.
Се разбира, со ова тој отвори сомненија за мешање на трговските, политичките и семејните интереси.
Портпаролот на Белата куќа во средата го бранеше правото на претседателот да го «брани своето семејство» но тој сепак се огради од зборовите на Конвеј на Фокс Њуз:
“Килијан беше потсетена каков е редот. Точка”, суво изјави тој на дневниот брифинг.




