Соларните панели ќе се постават во околината на Штип на пространство од 500 хектари. Проекциите се целата инвестиција да произведува 650.000 мегават часови електрична енергија од сонцето што е еднакво на количеството струја произведено во двата блока на РЕК Битола. Ќе се гради во наредните две години , а инаку важи за најголема соларна постројка на Балканот. 

На вчерашната седница Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР” – Скопје.

Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион” вредна 270 милиони евра, која преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз” (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови.
Соларните панели ќе се постават во околината на Штип на пространство од 500 хектари. Проекциите се целата инвестиција да произведува 650.000 мегават часови електрична енергија од сонцето што е еднакво на количеството струја произведено во двата блока на РЕК Битола.
Француската фирма има свои инвестиции во САД, Австралија , Португалија ..Во своето портфолио внесла дека досега во соларни постројки низ светот инвестирала 2,8 милијарди евра.