Новак и Јелена Ѓоковиќ добија ќерка. Сопругата на најдобриот српски тенисер, според медиумите кај северниот сосед, се породи доцна синоќа и свет донесе здраво женско бебе кое доби име Тара.
Тара Ѓоковиќ е второ дете во бракот на познатата двојка. Новак и Јелена Ѓоковиќ го имаат и синот Стефан кој на 21 октомври ќе прослави трет роденден.
Новак Ѓоковиќ овојпат беше крај својата сопруга и радосната вест не ја дочека на тениски турнир. Поради повреда на лактот тој, по Вимблдон, објави крај на сезоната за да може да се посвети на рехабилитација, но и на подготовки за најавеното проширување на семејството.