НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новата методологија е можеби зрак светлина во тунелот низ кој се возиме 30 години

0
By Борјан Јовановски on February 6, 2020 ВЕСТИ
Фото: ba.n1info.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секое лошо за добро. Така некако испадна работата со онаа, до денес не баш разјаснета акробација на Макрон кога на 17 октомври на Европскиот Совет реши да ја замагли европската перспектива за регионот. Неочекувано за самата француска дипломатија во актуелните геополитички магловити констелации, истапот на Макрон дигна голема прашина и процесот на проширувањето на ЕУ го врати на голема врата на европската политичка сцена на која како беа тргнати работите овој крупен историски проект на европската конструкција беше сведен на испициентска позиција.

Како резултат на бурата реакции која му ја дигна Сена по кејот на Париз, Маркон како излезна стратегија ја иницираше новата методологија на проширувањето. Неговото октомвриско НЕ за проширувањето конечно ја разбуди еврократијата во Брисел која по тешката рунда преговарачки процеси кои ја трансформираа цела централна и источна Европа кон крајот на 90 и почетокот на новиот милениум, легна да одмори и се заборави во удоноста на претставата која започна со Западниот Балкан во која се отвори некаков преговарачки процес познат во еврократските кругови под шифрата „ние се преправаме дека се прошируваме, тие се преправаат дека се реформираат“. И сите среќни, а посебно автократите од типот на Вучиќ на кои им беше само важно домашната публика да ја задоволат со тоа дека успеале да обезбедат преговарачки процес.

Фото: b92.rs

Од тој процес, како што може да се види, сè уште нема резултати на што со право укажа Макрон. Како илустрација за тоа го имате, на пример, актуелното силување на српските власти на професионалните медиуми како ТВ Н1 за што во актуелните преговарачки рамки нема адреса во Брисел која би реагирала на едно вакво брутално кршење на основните европски вредности каква што е слободата на медиумите. Во времето кога преговарачкиот процес беше тоа што треба под раководство на германскиот комесар Ферхојген, зад кој стоеше сериозна волја на земјите членки на ЕУ за трансформација и интеграција на посткомунистичка источна и централна Европа ситуација како оваа со ТВ Н1 во Србија, такво нешто беше тешко да се замисли. На пример, поранешниот словачки премиер Мечиар чии автократски манири, во рекордно кусо време бриселската машинерија ја сведе неговата тогаш владеачка партија на минорен декор во словачкиот парламент по што и самиот тој исчезна од словачката политичка сцена како закана за европските перспективи на земјата. Лекцијата беше брзо разбрана во сите други престолнини на земјите од источна и централна Европа кои во тој период преговара за членство во ЕУ.

Во таа смисла, новата методологија дава голема надеж дека, конечно, еврократијата ќе мора да се фати за работа по стариот рецепт и на процесот на проширувањето да му ја врати потребната трасформирачка динамика која првенствено значи запирање на проевропската демагогија на балканските политичари кои во неа пронајдоа совршена сцена за изведба на хибридните форми на владеење кои се главната кочница на потребните реформски процеси. Европската комисија, конечно, има мандат и задача да ги пресретне сите вакви облици на злоупотреба на европските интеграциски процеси. Во таа смисла реверзибилноста на процесот е повеќе од добредојдена, бидејќи значи рампа за обидите на било која власт во регионот да прави пародии од цивилизациските вредности.

Новата методологија значи дека владата на СДСМ нема да може да продолжи со ловориките од Преспанскиот договор туку ќе треба да се фати многу посериозно за работа која подразбира многу повеќе од дигање раце во Собранието за усвојување на закони кои Брисел ги бара од нас туку и нивна сериозна имплементација.

Фото: meta.mk

Што се однесува со ВМРО-ДПМНЕ, тие, исто така, би требало да ја примат пораката дека ако дојдат на власт нема ништо од нивниот план да го надополнат и прошират ликот и делото на Никола Груевски и да ги спасат неговите пулени од кривичен прогон.

Оваа методологија многу јасно им ги праќа овие пораки како на СДСМ, така и на ВМРО-ДПМНЕ. Методологијата е сосема доволно експлицитна дека обидите за манипулации на процесот ќе бидат строго санкционирани, но при тоа од тие санкции нема да го зафатат граѓанството кое, според оваа методологија во услови на антиреформски појави во владејачките структури, ќе добие дополнителна подршка за да се спротистави на таквите тенденции.

И така, конечно, доаѓаме до позиција во која ни се дава шанса конечно да се ослободиме од транзициските матрици во кои функционираа сите влади во изминатите 30 години, а како резултат на тоа ја имаме актуелната фрустирачка реалност. Со новата методологија конечно се поставени сите предуслови за, како што вели претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, „вин-вин“ ситуација. Брисел да си го поврати загубениот кредибилитет, а ние да добиеме реална шанса да се извадиме од кафезот на транзицијата.

Отпорите на транзициските махери кои ни ги украдоа животите ќе бидат големи, а некогаш и брутални, па и опасно агресивни како што тоа беше случај кога државите од источна и централна Европа се најдоа во критичните фази на процесот на проширувањето. Бугарското искуство ни е барем познато. Отпори ќе има и во еврократските кругови улежани во бриселската удобност. Во методологијата која, како и се друго во Брисел, е далеку од совршена, отпорите и опструкциите кои ќе се прават имаат свои маневарски простор. Па, сепак, по толку време доколку навистина постои политичка волја за заокружување на процесот на проширување како најуспешен проект во историјата на европската конструкција, како што може да се прочита во воведот на овој документ кој има геополитичка тежина, конечно, може би ќе се појави зрак светлина во тунелот низ кој се возиме 30 години.

ЕУ Македонија Методологија преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.