Во последните 24 часа, направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19. Сликата по градови изгледа вака:  Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15,  Штип – 11,  Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице .
Бројот на активни случаи изнесува 1.126 лица.