Published: Wednesday, September 2, 2015 11:46
Ноќеска на грчкиот брег пристигнале два брода со 4.200 нови мигранти, бегалци од воените жаришта во Сирија и Ирак. Бродовите пристигнале во Пиреја.
Според проценките, минатата недела во Грција пристигнале 23.000 бегалци, што претставува зголемување од 50 отсто во споредба со претходната недела.
Годинава во Грција пристигнале вкупно 160.000 бегалци, со што веќе е надминат минатогодишниот број на луѓе кои својата иднина ја бараат во Европа.
Грчките власти велатд немаат ресурси за да згрижат толку многу луѓе и ги повикаа европските лидери да дејствуваат, додека локалните хуманитарни организации тврдат дека владата мора да направи повеќе.




