Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови аудио записи на Јутјуб: Којзнае кој во Обвинителство работи за Мицкоски

0
By Нова ТВ on December 11, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: thenextweb.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови аудио-снимки околу аферата „Рекет“ осамнаа на истиот Јутјуб канал каде и пред три дена се појавија неколку записи во кои наводно се слуша гласот на истиот актер – сведокот во судскиот процес кој започна неделава и ја преокупира целата јавност – бизнисменот Орце Камчев. Во една од најновиот серијал снимки, Камчев кажува дека торбата со парите не завршила кај премиерот Зоран Заев. Тој додава дека во неа имало џи-пи-ес, а била шетана и надвор од Македонија.

Во снимката се открива и дел од комуникацијата со премиерот Зоран Заев како и тоа дека не се точни обвинувањата од опозицијата дека премиерот е вмешан во рекетот, напротив, гласот, објаснува дека Заев го натерал да го пријави случајот.

„Пишувам, те молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам документот, ќе ти го покажам“. Но, Заев, му вратил „Друже мој, Македонија треба да стане европска држава, правна држава, да одиш ти утре да си пријавиш оти и ти ќе одговораш“.

Фото: thenational.ae

Гласот што се слуша на снимките како и во претходните објавени разговори зборува за некакво помирување, па сугерира дека Заев, кого го окарактеризира како „богат човек кој направил услуги на светот, на Запад“ треба да седне со Мицкоски и да се договори.

„Свиткај кичма, си свиткал за името. Во оваа битка он губи. Нема нуклеарка. Ова вака од Софија ќе биде, тагау, виу“, му вели, наводно, Камчев, на соговорникот.

Истиот глас го споменува и екс-претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за кого тврди дека тој го има пуштено од куќен притвор.

„Од куќен притвор, Врховен, Јово нè пушти. Не нè пуштија они. Што зборите вие?“

Вангеловски во септември годинава беше разрешен од Судскиот совет, откако две години имаше неуспешни обиди да се најде мнозинство. Но, предлогот за разрешување беше поради постапката околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода, по што тој избега од држава, па потоа се врати.

Камчев од куќен притвор излезе во март откако врховните судии ја прифатија неговата жалба како и на неговите бизнис ортаци, газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ, „ сите осомничени во случајот „Империја“ на СЈО за перење пари и измама“.

Еден месец претходно Врховните судии донесоа правно мислење со кое СЈО го прогласија за неовластен тужител за сите истраги и обвиненија кои ги отвориле по 30 јуни 2017 година, односно по рокот од 18 месеци по преземањето на предметите, во кои спаѓаше и „Империја“ но и случаите „Попис“ за Али Ахмети,  „Моќник“ за Антонио Милошоски, „Пациент“ за Бујар Османи, но и двете обвиненија за „Талир“ за финансирањето и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Зборовите поврзани со Вангеловски кои наводно ги кажува Камчев во објавените материјали практично се поклопуваат и со разговорите од аудио материјалот кој во август го објави италијански весник „Ла Верита“. Во тој разговор меѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев, првообвинетиот во „Рекет“ му ветува на бизнисменот дека ќе биде слободен, а за тоа, добива пари.

„Врховен ќе ве ослободи, Катица нема да употреби вонредни правни лекови, ветува“ Боки.

Во една од објавите се зборува и за давање на 100.000 евра на истражител за стикче.

„Се знае кој ги има сработено. Они кои сè уште се ретардирани во институциите имаат луѓе. Знаеш ти што значи 100.000 евра да дадеш на истражител, за да ти даде стикче? Сто илјади евра?“, се слуша во снимката.

Во разговорите се слуша и претпоставка дека снимките (веројатно се мисли на материјалите кои осамнаа во „Ла Верита“) можеби излегле од некоја нова Вилма во обвинителството поврзана со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Таму кој знае кој работи за ВМРО-ДПМНЕ. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И таа е обвинителка утре. Сите се на одмор, кој сака може да влезе во компјутер“, вели гласот кој наликува на Камчев.

Обвинителството покренува истрага по допрен глас

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со новите „бомби“ поврзани со случајот „Рекет“, отвори предмет по допрен глас по кој постапува надлежен јавен обвинител, велат од Обвинителството за „НоваТВ“. И седумте нелегални аудио снимки кои излегоа во јавност викендот, исто така, се под истрага на обвинителството.

„Во моментот се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките. Воедно, со постапката треба да се утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, кој снимал, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, Обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува“, велат од Обвинителството.

Засега никој не е повикан да даде исказ, ниту пак, има пристигнато пријава која се однесува на снимените материјали. Од обвинителството велат дека нема да ја коментираат содржината на разговорите туку дека работата ќе ја темелат на докази. Обвинителството и во случајот на објавените документи од предметот „Рекет“ кои осамнаа на одредени портали отвори постапка во насока на расветлување на случајот. Досега бевме сведоци само на префрлање на топката меѓу обвинителството и судовите, но кртот не се пронајде.

бомби истрага Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.