Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови „бомби“во Кривичен:Јанакиески се пожали дека недостасува разговор

1
By Нова ТВ on August 17, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 17, 2018 11:25

Во Кривичниот суд денеска продолжи преслушувањето на аудио материјалите поднесени како доказ во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети повеќемина поранешни функционери.

Денеска беа пуштени разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешната министерка Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер.

На аудио снимките се слуша како тие разговараат за гласачите од дијаспората и колку се официјално пријавени во ДИК, како и за потенцијалните кандидати на изборите кои би можеле и би имале најдобри шанси да бидат на листата во изборните единции.

По неколку слушнати разговори, Јанакиевски реагираше до судот дека, како што рече, фали разговор меѓу него и Илија Димовски.

– Од наводните снимки кои СЈО вели дека се разговори меѓу мене и Протуѓер, кажувам дека ќе се слушнам со Илија Димовски. Следниот пуштен разговор е 10 минути подоцна со Протуѓер каде јас го раскажувам разговорот со Илија. Ова е доказ дека не се сите разговори доставени и дека треба да се потврди автентичноста, рече Јанакиевски.

Адвокатот на одбраната Петар Василев побара обвинителот да каже на која основа се репродуцираат доказите, бидејќи, како што рече, од разговорите досега може да се чуе само за организациските способности на една партија за политичка кампања и ништо за кривичното дело.

На вчерашното рочиште почнаа да се слушаат „бомбите“ во присуство на јавноста, а Специјалното јавно обвинителство побара во седум од 1.063 „бомби“ поради приватни разговори да биде исклучена јавноста.

Одбраната бараше „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспори како валиден  доказ.

Фото: принтскрин Макфакс

Обвинетите поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески изјавија дека им биле нарушени човековите права со тоа што со години биле незаконски прислушувани.

-Да се утврди автентичноста на прислушуваните разговори пред да бидат репродуцирани во судница оти и на мене и на Миле грубо ни се прекршени човековите права. Би биле доведени во ситуација судот да донесе неправилна одлука од нешто што произлегува од најгрубо кршење на човековите права, со тоа што биле прислушувани нашите разговори со години без судска наредба“, рече Јанкулоска.

Јанакиески рече дека тој и Јанкуловска се обратиле до Народниот правобранител оти не добиле од СЈО информација кога и како биле прислушувани и со цел да ги остварат своите права како граѓани на Република Македонија.

-Не само што незаконски сум бил следен со години, туку не е сигурна ни автентичноста на тие разговори“, рече Јанакиески.

Судот го одби барањето на одбраната по што започна слушањето на разговорите.

И дијаспората „за уши“

Во 15 бомби, кои вчера беа пуштени во судот се слушаа разговори за гласањето во дијаспората, односно како партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ договара дијаспората да се пријави за гласање оти интересот бил многу мал.

Во сите нив доминира тогашниот шеф во кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, кој му дава насоки на екс – министерот, Миле Јанакиески. Се предлага и амбасадори и конзули во Америка и Австралија да одат од врата на врата и да се посетуваат по 70 луѓе дневно, бидејќи заинтересираноста за гласање била мала.

„Да се врти во секое македонско друштво и таму да се назначат по двајца кои ќе вртат и ќе им спремаат на луѓето да пополнат формулари. И плус амбасадорите и конзулите да одат од врата на врата, во сите амбасади да има кол-центар. Вие од Скопје ќе вртите по два-трипати на ден ќе им се качувате на глава, до кај сте, колку донесовте денес, зошто не се гледате со луѓе, ќе го информираме премиерот“ – вели Протоѓер во разговор со Јанакиески

Рочиштата за „Титаник“ заради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска ќе се одржуваат во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.

За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.