Уште четири бродови со житарици испловија од пристаништата во Украина, соопшти турското Министерство за одбрана.

Испораките на житарици од украински пристаништа продолжуваат според плановите, додаваат оттаму, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Министерството на Твитер појаснува дека утрово уште четири бродови тргнале од пристаништата Одеса и Черноморск, натоварени со сончогледова сачма, сончогледово масло и пченка.