Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови детали за напаѓачот од Стразбур-полицијата се уште трага по Шериф Шекат

0
By Нова ТВ on December 12, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мажот кој синоќа го изврши нападот на божиќниот базар во Стразбур, додека пукал извикувал „Алаху акбар“ (Бог е голем), соопшти денеска францускиот обвинител Реми Хајц.

– Имајќи ги предвид избраните цели, неговиот начин на дејствување, неговиот профил и сведочењата на оние што го слушнале како извикува „Алаху акбар“, беше ангажирана антитерористичката полиција, изјави Хајц.

Според последните податоци, во синоќешниот напад во Стразбур загина три лица, а 13 се повредени.

Полицијата го идентификувала напаѓачот, кој се уште е во бегство, како 29-годишниот жител на Стразбур, Шериф Шекат, кој е француски државјанин и им бил познат на властите како радикален исламист.

Хајц информира дека напаѓачот бил ранет во раката при размена на оган со француски војници во центарот на Стразбур, по што украл такси возило и побегнал.

Според Хајц, напаѓачот бил вооружен со пиштол и нож, кои ги користел при нападот.

Обвинителот информира и дека вчера при претрес на домот на напаѓачот, полицијата пронашла рачна бомба, пушка и четири ножа. Претресот бил извршен во утринските часови кога полицијата дошла да го уапси напаѓаот под сомнеж за вмешаност во обид за убиство и грабеж.

На полицијата тој и бил познат како извршиител на повеќе кривични дела, поради што во 2011 година во Франција бил осуден на двегодишна затворска казна, вклучувајќи и шест месеци строг затвор, а во 2016 и 2017 година бил во затвор во Германија под обвинение за кражба.

Мотивите за синоќашниот напад се уште не се утврдени, но Секторот на париското Обвинителство за борба против тероризмот покрена истрага за „убиство и обид за убиство во рамки на терористички акт“ и „злосторничко терористичко здружување“.

Поради нападот француската Влада го подигна нивото на безбедност во земјата на „вонредно во случај на напад“.

Во потрага по осомничениот се вклучени околу 350 полицајци и два хеликоптера.

Германската Влада соопшти дека ја засилила контролата на границата со Франција по синоќешниот напад во Стразбур.

Портпаролот на министерката за внатрешни работи Елеонор Петерман рече дека нема причина божиќните пазари во Германија да не се посетуваат. Пред две години, божиќниот пазар во Берлин беше мета на смртоносен напад.

Петерман и германското Министерство за правда соопштија дека властите немаат информации за поврзаноста меѓу осомничениот напаѓач, кој бил во германски затвор за грабеж, и исламски екстремисти.

Осомничениот, кој синоќа уби двајца и рани десетина лица, бил осуден во Германија во 2016 година и депортиран во Франција во 2017 година.

Но, Петерман рече дека му било оневозможено правото слободно да се движи во ЕУ.

напад напаѓач Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.