Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со нападите кон медиумите. Овој пат, негова цел е ТВ мрежата Ен Би Си Њуз и нејзиниот политички директрот Чак Тод.
Во две пораки на Твитер, Трамп се исмева со изгледот на Тод, ја критикува мрежата поради тоа што не известува веќе за обвинувањата дека Барак Обама го прислушувал кампањата на Трамп и ги повика да престанат да известуваат за руското мешање во изборите.
Од друга страна, Беелата куќа во петокот упати нејасни сигнали во врска со понудата на бившиот советник на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин да соработува со конгресната истрага за контактите на трамповите советници во кампањата со Русија, доколку му биде гарантиран имунитет од кривично гонење.
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер на редовниот брифинг за медиуми рече дека „нема да му дава ниту на Мајкл Флин, ниту на некој друг, правен совет од подиумот на Белата куќа“ за тоа дали би требало да сведочат пред конгресните одбори.
Изјавата на Спајсер беше спротивна на претходните твитови на Трамп кој се согласи дека Флин треба да бара имунитет пред да сведочи во како што рече политички мотивираната кампања на вознемирување.
Прашан, дали Белата куќа е вознемирена од тоа дека Флин има информации кои би можеле да и наштетат на администрацијата, Спајсер кратко одгвоори со – не.




