Published: Thursday, December 25, 2014 11:52
Полицијата во Хонгконг уапси 12 демонстранти кои изминатата ноќ блокираа неколку градски улици.
Тие се уапсени под обвинение дека ги вреѓале полициските службеници, го нарушувале јавниот ред и мир и одбиле да се идентификуваат.
Во полициската акција повредени се двајца полицајци, а полицијата ги растерала демонстрантите со „бибер-спреј“ и палки.
Оваа есен илјадници луѓе ги окупираа централните делови на Хонгконг, и во тие 88 денови бараа демократски избори кои се планирани за 2017 година.
Според властите во Пекинг, демонстрантите годинава сакале да ја дестабилизираат ситуацијата во Хонгконг.




