Околу 30.000 Романци во средата вечер излегоа на масовен протест, втор по ред, и покрај оставката на премиерот Виктор Понта поради убиствениот пожар во една дискотека во Букурешт во кој животот го загубија 32 лица.
Според полицијата демонстрирале 20.000 луѓе. Протестот се одржа на познатиот плоштад Универзитет, симбол на антокумунистичките протести во декември 1989 година.
Околу 10.000 луѓе во средата протестираа и во десетина други градови во Романија.
Демонстрантите носеа знамиња на Романија и извикуваа “Долу мафијашкиот систем” или “Романијом разбуди се”. Тие ги обвинуваат политичарите за некомпетеност и корупија и бараат креирање на техничка влада тврдејќи дека повеќе немаат доверба во ниту една партија.
Демонстрантите маршираа до Парламентот барајќи од народните избраници сите да си заминат од функциите.
Понта поднесе оставка во средата под притисок на јавноста и протестите на 20.000 луѓе во Букурешт. Екс премиерот рече дека “лутината на општеството е сосема оправдана”.
Причина на пожарот во дискотеката, според сведоците и обвинителите, е цела серија неисполнување на безбедносните правила за такво место околу кои властите ги затворале очите.




