Египетските демонстранти се судрија со полиција пред претседателската палата во Каиро, на митингот со кој се одбележува втората годишнина од падот на долгогодишниот лидер Хосни Мубарак.

Повеќе од десет илјади активисти, противници на актуелниот египетски претседател Мохамед Мурси демонстрираа против новата исламистичка влада, фрлајќи со камења врз претседателската палата и судрувајќи се со полицијата, која употреби солзавец и водени топови против демонстрантите.

Тие го обвинуваат Морси дека ги издал целите на револуцијата и дека вовел нова форма на авторитарно владеење, додека неговите поддржувачи велат дека демонстрантите сакаат да го урнат првиот демократски избран лидер во Египет.