Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови судири во Киев, дваесетина загинати, украински Олимпијци заминаа од Сочи

0
By Нова ТВ on February 20, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 20, 2014 11:45

И покрај договорот за примирје и почеток на директни разговори помеѓу претседателот на Украина, Виктор Јанукович и опозициските лидери, денеска во Киев повторно дојде до судири, а светските агенции јавуваат дека имало десетина загинати цивили и заробени полицајци.

Стотици антивладини демонстранти и специјалните сили на украинската полиција повторно се судрија на плоштадот Мајдан во Киев. Демонстрантите, како што јавуваат агенциите, ги принудиле полициските сили да се повлечат за 200 метри и сега контролирале поголем дел од плоштадот.

Предходно беше договорено примирје меѓу претседателот Виктор Јанукович и опозициските лидери. Едниот од нив Арсениј Јацењук на страната на неговата партија напиша: „Јуришот врз Мајдан што властите го планираа за денеска нема да се случи“.

Според Кабинетот на претседателот Јанукович, примирјето било прекршено од страна на демонстрантите.

„Опозицијата го искористи периодот при преговорите за да добие на време, да се мобилизира и да собери оружје за демонстрантите“, се вели во соопштението на Кабинетот на претседателот Јанукович.

Немирите во Киев влијаат и врз спортот. Неколку членови на украинскиот олимписки тим се повлекоа од игрите во Сочи како протест поради крвавите пресметки во Киев.

Скијачката Богдана Мацоцка се повлече заедно со нејзиниот тренер и татко Олег.

„Како членови на украинскиот олимписки тим, сакаме да соопштени дека сме разочарани од потезите на претседателот Виктор Јанукович кој надежта на нашата земја ја претвори во крв место решавање на конфликтите низ преговори, како што се надевавме кога тргнувавме за Сочи“.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Украина, Сергеј Бубка од спортистите побара да останат во Сочи и да покажат единство, но во исто време истакна дека го почитува правото на секој од нив сами да донесат одлука дали сакаат да останат или да се вратат во својата земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.