Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови униформи за полицијата и други единици на МВР

0
By Sashko on November 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Припадниците на униформираната полиција и други единици во Министерството за внатрешни работи (МВР) добија нови униформи кои денеска беа промовирани во кругот на МВР.

Поточно, како што соопштија од МВР, набавени се 10.000 зимски јакни и 8.550 високи специјални чизми чија испорака се очекува на почеток на следната година. Исто така, и 20.000 летни и зимски панталони, 10.000 чевли со дебел ѓон, како и 20.000 летни и зимски капи со испорака во текот на следниот месец. Испорачани се 10.000 кошули со кратки ракави и 10.000 со долги, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевли со тенок ѓон и флуоресцентни елечиња.

Во овие пет години направивме системски напори за унапредување на работата на сите полициски службеници и воспоставување функционален амбиент со нормални услови за работа, при што задоволната полиција ќе овозможи и поквалитетен сервис за своите граѓани, потенцираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното претставување на новонабавените униформи.

Целосно нови униформи добија повеќе организациски единици во полицијата, меѓу кои Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност, популарно наречената „Шеста управа“, која доби дводелна цивилна облека и обувки, за воздухопловниот персонал и Хеликоптерската единица набавени се летечки јакни и специјални заштитни и летечки комбинезони, а целосно нова униформа е обезбедена и за  младите полицајци и приправници.

Со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста за унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 60 објекти и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, соопштија од МВР.

Од МВР потенцираат дека актуелното раководство ќе продолжи да соработува со Македонскиот полициски синдикат, да го слуша нивниот глас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата, со цел заеднички да се унапредуваат условите за работа и да се подобруваат материјално-техничките добра на полицијата и на сите вработени.

Македонија МВР полиција униформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.