Published: Monday, October 3, 2016 13:02
Шестмина се повредени во два одвоени вооружени инциденти утрово во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота.
Во првиот, непознат напаѓач пукал во близина на седиштето на полицијата во Минеаполис. Полицијата возвратила на пукањето, а подоцна во истрагата на паркингот е пронајдена пушка.
Петнаесет минути подоцна во соседниот кварт се слушнале истрели од огнено оружје, при се повредени четири лица.
Еден од нив бил погоден во градите и е во тешка состојба.
Засега не е идентификуван ниту еден од напаѓачите, иако при вториот инцидент уапсен е еден маж. Полицијата истражува дали тој е поврзан со и првиот напад.




