Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинари, аналитичари, истражувачи, како сакате наречете се – а да седневте да ги згреете тоа столчињата со малку работа

0
By Zoran Ivanov on February 2, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 2, 2026 11:43

Калина Коси: Следиме европски трендови така? Колку новинари има во државата? Каде се? Што прават? Им текнува да направат некои споредбени анализи и да им ги затворат устите на политичарите кои не лажат секој ден дека сме 3ти у Европа, 5ти у Свет и дека следиме европски стандарди? На пример, да одговорат на следниве прашања:

– Колкава е разликата меѓу минималната плата и функционерската плата во развиените држави во Европа? Ни викаат доста ви се 400 евра, а функционерите живеат со 3000 евра, па да видиме за кого тоа важат европските стандарди.

– Каков е соодносот меѓу минималната плата и потрошувачката кошничка во Европа? Ни викаат имаме најевтин леб. Ајде да видиме колку леба можат да се купат со минимална плата во Германија и овде.

– Колкави се казните за злоупотреба на службена положба и овластување, местење тендери и слично во Европа? Кај нас си се амнестираа, ајде да видиме во која друга држава не одговараш за вака тешко кривично дело.

– Какви се европските стандарди за санкционирање на фабрики кои во сред главен град трујат пола милион народ? Баш да видиме дали тие европски стандарди ги следиме?

– Која е висината на казните за сообраќајни прекршоци фатени на камера и каков е соодносот меѓу висината на казните и минималната плата? Ајде да видиме во која друга држава имаш казна од 500 евра, а минимална плата од 400 евра?

– Колку казина, обложувалници и заложни куќи има во Норвешка, Франција, Англија по глава на жител, а колку во Македонија? Да видиме нели, колку државава се грижи за младите.

– Какви се обврските за транспарентност во трошење јавни пари во развиените земји во Европа? Постои ли држава во светот во која смееш да земеш 1 милијарда евра кредит, да си ги поделиш парите на приватни фирми и да ги прогласиш за државна тајна податоците на кого тоа се си дал и колку пари?

– Колку полицајци шпартаат по улици 24/7 у развиените држави? Колку полицајци има по глава на жител? Ако сме тука некаде, каде се нашите?

Милион вакви прашања кои треба да се поставуваат и одговараат секој божји ден!

– Па и ова прашање би ме интересирало, на пример, колку новинари со диплома по глава на жител има во развиените држави? Па да видиме што се овие нашиве кои што знаат да постават само едно прашање „Како успевате да се носите со сите постигнати успеси господине политичар“?

Новинари, аналитичари, истражувачи, како сакате наречете се. А да седневте да ги згреете тоа столчињата со малку работа и да го информирате народов за тоа што му се случува и што му прават, да придонесевте со нешто корисно, да влијаевте со нешто на освестување барем на оние неинформираните и со испрани мозоци? Кога?

Извор: Фејсбук

 

калина коси став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.