Published: Wednesday, May 25, 2016 15:57
Новинарката Хадиџа Исмаилова ослободена од затвор, откако Врховниот суд ја суспендирал нејзината затворска казна од 7 и пол години за проневера и неплаќање данок.
Таа ја обжали казната од 7 и пол години за обвиненија кои голем дел од јавноста ги смета како одмазнички за нејзиното наградено истражувачко новинарство, поврзувајќи ги со корупција членовите на семејството на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
Исмаилова беше уапсена во декември 2014 година, а во септември 2015 беше осудена за затајување данок и за обвиненија за проневери.




