Published: Tuesday, September 1, 2015 15:12
Една од водечките новинарки во Азербејџан, Хадиџа Исмаилова денеска е осудена на седум и пол години затворска казна под обвинение за проневера и неплаќање на данок.
Сепак, како познат истражувачки новинар, пред обвиненијата, Исмаилова истражуваше за бизнисите и банкарските сметки во оф-шор земјите на фамилијата на претседателот Илхам Алиев.
Организациите за човекови права реагираат дека нејзиниот случај е политички реваншизам.
Минатиот месец, и други двајца активисти беа осудени под истото обвинение. Лејла Јунус и нејзиниот сопруг Ариф се осудени на осум и полм односно седум години затвор.
По овој случај, генералната секретарка на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд изрази загриженост за третманот на активистите и новинарите во земјата.




