Published: Monday, February 2, 2015 11:17
По 400 дена позади решетки, новинарот на Ал Џезира, Питер Грест беше ослободен во текот на викендот. Тој преку Кипар се упати до Австралија.
Тој најави дека нема да мирува додека не бидал ослободени и неговите колеги од затворот во Египет.
Грест беше уапсен во 2013 година заедно со уште двајца новинари, под обвинение за ширење лажни вести и помагање на Муслиманското братство.
Неговите колеги Мохамед Фами и Бахер Мохамед останаа во затвор.
Според извори на BBC, доколку Фами, кој поседува државјанство и на Египет и на Канада, се откаже од египетското, би можел да биде ослободен.




