Новинарот на Си-Ен-Ен, Ричард Квест извести дека се разболел од Ковид -19. Тој тоа го објави на почетокот на неговота емисија „Квест значи бизнис“. Емисијата се емитуваше, а Квест дури потоа отиде на лекување.
„Вечерва и јас имам добивка. Во текот на викендот бев тестиран и се потврди дека имам коронавирус. Благодарен сум затоа што изгледа дека немам ниту еден од оние ужасни симптоми од кои луѓето патат. Имам непријатна кашлица која благодарејќи на нашите извонредни техничари не можете да ја слушате. Можеби се прашувате зошто не сум во кревет? Зошто сум во студиото вечерва? Секако дека ќе бидам. Јас не сум ни будала ни херој, секако, но поради важните вести за негативната цена на нафтата, сепак, пред лечењето дојдов да позборуваме за тоа“, рече Квест.




