Новинската агенција Танјуг, формално престана да постои на 31 октомври, кога е избришана од регистерот на Агенцијата за трудови регистри. Вработените ќе добијат отпремини и октомвриските плати, а ќе бидат упатени на Бирото за вработување.
– Официјално не сме известени, но неофицијално добивме информација дека агенцијата Танјуг престанала да постои и дека на вработните ќе им биде исплатена октомвриската плата, како и дека сите вработени ќе добијат отпремнини според закон, вели претседателот на Синдикатот на Танјуг, Марко Драгишиќ.
Весникот „Блиц“ на своето интернет издание пишува дека Владата донела уредба за гасење на Танјуг, врз основа на која вработените ќе ги добијат сите плати, а имотот на Танјуг ќе премине во Дирекцијата за имот.
Рокот за приватизација на 73 медиуми истече на 1 ноември, а нови сопственици добија само 36 од нив.
Останатите медиуми, за кои немало заинтересирани, треба во наредниот месец да им понудат бесплатни акции на вработените. Доколку тие ги одбијат акциите, како што налага законот, тој медиум се гаси.
Танјуг е основана на 5.ноември 1943 година.




