Published: Tuesday, June 30, 2015 11:00
Телеграфската агенција на Југославија, или „Танјуг“, е на листата за приватизација, заедно со уште 37 други локални медиуми во Србија.
Новинската агенција е создадена од ЦК на југословенска Комунистичката партија во ноември 1943 година по моделот на советската ТАСС. Нејзин основач е десната рака на Јосип Броз Тито, Моша Пијаде.
Вредноста на Танјуг се проценува на 760.936 евра и се продава 100 отсто. Право за учество во тендерот имаат домашни и странски лица кои треба да поднесат документи до 30 јули во Агенцијата за приватизација во Белград.




