Published: Monday, February 2, 2015 11:05
Новиот министер за финансиина Грција, Јанис Варуфакис, побара нов договор за долгот на неговата земја до крајот на мај.
– Имаме потреба од малку време, за да ја појасниме позицијата на Владата на различните партнери, изјави Варуфакис на заедничката прес-конференција со францускиот министер за финансии Мишел Сапен.
Тој побара време до крајот на месецот за да ги стави на маса деталните предлози.
– Потоа, во рок до еден месец, можеби шест седмици, би можеле да постигнеме договор, додаде тој.
Сапен го повтори предлогот на Париз да посредува за нов договор меѓу Атина и нејзините партнери, но го исклучи простувањето на долгот.




