Новиот претседател на Парламентот, Талат Џафери, и официјално од денеска стапи на функција и го презеде кабинетот на претходникот, Трајко Велјановски. На видеото на ТВ21 може да се види како Џафери доаѓа во кабинетот, а прва средба имаше со амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар.

-Европската унија е подготвена да работи со новиот претседател Џафери за потребните реформи за Евроатлантска интеграција на земјата. Ова на Твитер го напиша амбасадорот  Жбогар по денешната средба со новиот собраниски спикер.