Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот театар со пропусти, но затоа тоалетите се златни

0
By on May 31, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 31, 2013 15:03


Политичари, министри, пратеници, архитекти, врвот на МПЦ, професори, уметници актери, дојаени на македонскиот театар, денеска дојдоа да видат како изгледа новиот театар. Сите тие на црвениот килим ги пречекуваше директорот на МНТ Дејан Лилиќ, заедно со режисерот Дејан Пројковски.

Новиот театар денеска беше само делумно отворен, со обраќање на премиерот Груевски и на министерката за култура Канчева Милевска и со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар и од претставата „Вечната куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, со која во септември ќе биде отворена театарската сезона.

Во театарот има и 46 скулптури. Централната, поставена на главниот влез, ги претставува основоположниците на македонсиот театар. Големата сцена има 724 седишта, а малата – 215. Театарот завзема површина од 7 200 метри квадратни.

За барокната орнаментика на театарот бил задолжен тим од десетина уметници и историчари на уметноста предводени од Елизабета Димитрова од Факултетот за историја на уметност и од уметникот Ѓорѓи Чулаковски- Ѓото.

Под раководство на проф. Јелена Лужина, во театарот е поставена поставка која ја прикажува историјата на македонската театарска уметност.

Таа на отворањето го носеше прстенот на Петре Прличко, за да го оживее уште еднаш на сцената, како што рече.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, театарот чини 39 милиони евра. Од кои за скулптури на фасадата и партерот се потрошени речиси 580 илиади евра.

За завесата во овој театар се потрошени 582 илјади евра.

За ентериерот, позлатените орнаменти и осветлувањето се потрошени 11, 5 милиони евра.

А во театарот најмногу до израз доаѓаат орнаментите со златна боја, плафонот на главната сала кој е во црвено златна боја и големите лустери кои треба да потсетуваат на изгледот на стариот театар кој се урна во земјотресот во 1963 година.

Дури и тоалетите во театарот се во златна боја, но таму се уште нема вода .

Извори на НОВА велат дека ентериерот не е довршен, а дека има и сериозни пропусти, кои допрва ќе треба да се поправаат. Така на пример, во малата сцена во последниот ред на гледалиштето нема простор за седење, балконите на галериите се ниски, па претставуваат ризик за публиката која ќе седи таму, најверојатно и тие ќе треба да се поправаат. Гардеробите за актерите и други помошни постории воопшто не се направени и нема тоалети. Звучниците се поставени премногу блиску до седиштата. Паѓаат плочки од надворешноста на зградата.

Новиот театар е дело на архитектот Јован Стефановски Жан и на неговата ќерка Ивана Стефановска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.