Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Новите деца во градот“: Книжевните настани со голема важност за културниот живот во Скопје

0
By НОВА ТВ Terziova on June 22, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во саботата (18 јуни) во кафе-книжарницата Буква се одржа првиот од серијата настани посветени на поезијата под наслов „Поетска епизода #1 | Новите деца во градот“. Настанот го модерираа младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а своја поезија читаа вкупно 9 поети, некои познати, а некои помалку познати на поетска сцена во Македонија.

Според Ивана и Андреј, првата епизода од серијата настани помина во одлична атмосфера благодарејќи на големиот интерес кој настанот го предизвика, како и целокупната поддршка која ја добиле, како од кафе-книжарницата Буква, така и од публиката. Првото од серијата поетски настани кои ќе се организираат во Скопје подразбираше читање на авторска поезија во два круга со конкретно определено време за младите поети. Младите организатори потенцираат дека се отворени кон менлив и флуиден карактер на идните настани, дека се фокусирани на различни аспекти од книжевноста кои ќе бидат застапени, но и дека допрва ќе растат заедно со процесот на градење на овој отворен концепт на настан. Благодарни се на конструктивните сугестии и поддршката од поетите и посетителите, кои имаат важна улога во она што Ивана и Андреј имаат намера да го водат со овој настан.

Овој настан е показател, според нив, дека секогаш постои расположение и интерес за културни настани во градот, и дека тие секогаш се потребни и посакувани. Настаните од областа на книжевноста, пак, имаат посебна важност во градењето на културната содржина на Скопје и градењето на некаков континуитет и традиција во нивно одржување ќе има позитивно влијание за книжевната публика.

Поезијата како форма добива се поголема популарност и актуализација, а овој настан беше обид нејзината зголемена популарност да добие некаква конкретна форма во вид на настан кој ќе се фокусира на пристапот на младиот автор кон поезијата и стихот од повеќе аспекти.

Настанот беше организиран во соработка со кафе-книжарницата „Буква“, неформалното здружение за култура „Култура Бета“, а публиката можеше да ја проследи и чуе поезијата на Андреј Ал-Асади, Благица Трајкоска, Марија Велинова, Софија Тодороска, Павлина Атанасова, Сатја Александар Давитков, Ива Петреска, како и на модераторите на настанот Ивана и Андреј.

M.T.

култура Македонија Млади поети Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.