Денеска во Освниот суд Скопје 1 треба да се одржи ново судското рочиште за предметот стар 14 години, познат во јавноста како Сопот.
Претходното рочиште беше одложено по барње на одбраната поради промена на судиите во Кривичниот совет и обвинителот, односно поради тоа што сега предметот го застапува Специјалното јавно обвинителство.
Во овој случај десет лица се осудени за тероризам, но за правдата се достапни само шестмина кои пред нешто повеќе од недела се појавија во судницата. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.