Во Кривичниот суд за денес е закажано трето подготвително рочиште за предметот „Тврдина 2“, а кој се однесува на уништување документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство лани поднесе обвинение против седуммина.
Во „Тврдина 2“ обвинети се поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски и шестмина вработени во УБК за уништување документација поврзана со системите од незаконското прислушување.
Тие се товарат дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.
Во овој предмет Грујевски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во „Тврдина“ за уништување на системите за прислушување.