Published: Wednesday, December 24, 2014 14:42
Во преградие во Сент Луис во САД, полицијата уби 18-годишен Афроамериканец на бензинска пумпа близу местото каде што беше убиен и тинејџерот Мајкл Браун минатото лето.
– Полицаецот го застрелал момчето бидејќи тоа вперило пиштол кон него, соопшти портпаролот на полицијата во Сент Луис, пренесува „Ројтерс“.
Веднаш по убиството на Афромаериканецот Антониот Мартин, поголема група граѓани се собрале на местото. Мартин, како што изјавила неговата мајка, бил со неговата девојка за време на инцидентот.
Полицијата засега не го коментира инцидентот, а според очевидците кои се огласија на социјалната мрежа „Твитер“, тинејџерот не бил вооружен кога бил застрелан.




