Ново задолжување на владата од 37 милиони евра

Државата денеска се задолжи со 37 милиони евра.

Станува збор за четири одвоени аукции на државни записи.

Утре, пак, по основ на веќе доспеани записи, државата треба да врати близу 57 милиони евра.

На стопанството ќе му останат 20 милиони евра, пари со кои ќе се подобри ликвидноста на фирмите и на граѓаните, пишува во соопштението на Министерството за финансии.